Сцена
Денеска и утре проекции на „М“ на Вардан Тозија на фестивалот во Котбус, Германија
Филмскиот фестивал Котбус (ФФЦ) е еден од водечките меѓународни фестивали на источноевропскиот филм и годинава се одржува од 7 до 12 ноември.
Денеска во 13 часот и утре во 18 часот ќе се одржи проекција на македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија.
-Основан во 1991 година, Фестивалот сака да прикажува добри филмови и да им даде пристап до пазарот. Покрај тоа, има за цел да ги зајакне талентите, да предизвика љубопитност, да ги доведе во прашање вообичаените клишеа и да го промовира дијалогот помеѓу филмаџиите. Затоа, речиси секој филм е проследен со возбудлива филмска дискусија (Q&A). Состаноците за вмрежување, исто така, обезбедуваат можности за размена меѓу филмаџиите и претставниците на индустријата, велат организаторите.





