МК Сцена
Во среда започнува деветиот по ред фестивал на виното „Вино Скоп 2015“
На денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и организаторот на фестивалот „Темов“ го најавија деветиот по ред фестивал на виното „ВИНО СКОП 2015“, кој ќе се одржи од 30 септември до 4 октомври зад спортскиот центар „Борис Трајковски“, на паркингот кај Аква парк.
– Годинава од 30-ти септември до 4 октомври, традиционално по деветти пат во Скопје ќе се одржи најпознатиот македонски вински фестивал-Вино Скоп 2015, во организација на Град Скопје и организацијата „Темов“. На фестивалот е потврдено учеството на над 20 најдобри македонски вински брендови, кои како и секоја година по промотивни цени ќе ги презентираат своите вина, а ќе има и вкусни македонски деликатеси кои одлично одат со добра чаша вино. Целта на манифестацијата што ја организираме е промоција на нашите винарии коишто прозведуваат квалитетни вина што се познати и надвор од нашата држава. Ги повикувам граѓаните на Скопје да дојдат и да уживаат во прекрасните вина и добрата музика на Вино Скоп 2015, истакна на конференцијата за медиумите градоначалникот Трајановски.
