Сцена
Втора претстава на мјузиклот „Веселите девојки“ во Скопје
Закажана е втора претстава на мјузиклот „Веселите девојки“ и тоа на 24-ти март во „Македонска филхармонија“, откако првата претстава на 23-ти се распродаде.
Тијана Дапчевиќ ја игра една од главните улоги, а заедно со неа, на сцената во Филхармонија ќе застанат и Маја Брукнер, Зорана Павиќ, Јелена Ѓукиќ, Ивана Петерс и Светлана Сретеновиќ.
Популарните дами на шеговит начин ќе ја забавуваат македонската публика, а освен со фантастичната глума и хумор, до срцата на сите присутни ќе се обидат да допрат и со изведба на најголемите хитови.




