Сцена
Второ издание на „Винодонија“ – Салон кој ја промовира Македонија како вински регион
Преку 350 етикети на вино од 40 македонски и странски винарии, ќе може да се дегустираат на вториот Скопски вински салон – „Винодонија 2017“ што ќе се одржи на 1-ви и 2-ри декември во хотелот „Мериот“.
Настанот е организиран од група вински консултанти, судии и ентузијасти под покровителство на Здружението на сомелиери на Република Македонија, а покрај дегустации на вино, предвидува и дегустација на најразлични домашни и увозни сирења и сувомесни производи, како и десет едукативни работилници: за македонската автохтона сорта станушина и за темјаниката, за вината од Хрватска, за разликите меѓу македонските и црногорските вина, за винскиот пат во Бугарија…
– „Скопски вински салон – Винодонија 2017 е клучниот момент за препознавање на Македонија како вински регион“ истакна Звонко Херцег, вински екперт и дел од одрганизаторите на скопскиот вински салон, на денешната прес конференција.




