МК Сцена
Со ПИН конференцијата започнува 19-то издание на фестивалот „Таксират“
Со повеќе од четириесетина музичари и групи, од 30-ти ноември до 2-ри декември ќе се одржи 19-то издание на фестивалот „Таксират“.
Првиот настан од „културната недела“ на Таксират и Десонанц е меѓународната ПИН музичка конференција и шоукејс фестивал сo импресивна програма која Скопје, од 30-ти ноември до 2-ри декември, го претвора во збирно место на креативната енергија и музичкиот пркос на артистите и музичките професионалци од европската сцена.
Концертите и настапите во Младинскиот културен центар кои се дел од ПИН-фестивалот ќе бидат бесплатни за посетителите.





