Промо
За вљубеници во виното: Престижна „Винодонија“ на 25 и 26 ноември во „Мериот“
Шестото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, годинава во елегантната атмосвера на хотелот „Мериот“ на 25 и 26 ноември ќе ги собере сите вљубеници на оваа божја напивка. „Винодинија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат- рај за хедонисти, бидејќи ја негува винската страст, промовира добри вина, настан што освен едукативен карактер со години ја потврдува својата цел: подигнување на винската свест и супериорен развој на нашата винска култура.
Организаторите најавуваат настан полн со можности: гостите да дегустираат вина од 60 винарии со импресивна бројка од 450 етикети.
„Винодонија“ по правило ќе понуди едукативен пристап кон виното: за два дена ќе се случат 5 работилници и мастер клас дегустации насловени по земјите и предизиците: „Запознај ја винската Унгарија“, „Запознај ја винската Хрватска“, „Основи на спарување на вино и храна“ и „Во светот на винските меурчиња“.




