Настани
Започнува ,,Саемот за деца и семејство” во Скопје Сити Мол
Започнува Саемот за деца и семејство, кој ќе ги обедини најмалите, ќе ги усреќи најсреќните и израдува редовните посетители на овогодинешниот ,,Саем за деца и семејство” кој започнува на 15-ти мај, петок и ќе трае до 17-ти мај, недела.
Дружење и забава со Трајче Георгиев и Златните Славејчиња, омилените детски маскоти и живи рептили, разни спортски активности, забава за најмалите, кои значат радост и насмевки на сите оние кои ќе го посетат ,,Саемот за деца и семејство” од 15-ти до 17-ти мај во Скопје Сити Мол.
Ќе настапуваат училишни хорови и други секции од училиштата, покрај тоа Републичкиот Совет за Безбденост на Сообраќајот на Патиштата ќе реализира едукативни предавања за важноста на детските седишта во автомобилите, велосипедистите и пешаците.




