МК Сцена
ЗЛАТНА БУБАМАРА 2016: Погледнете кои добија награди! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Синоќа во Метрополис арената се одржа спектакуларното 19. издание на „Златната бубамара на популарноста“ под мотото „Да се собереме, пред да не соберат“.
Над 2.000 посетители уживаа во прекрасните настапи на Селимова-Желчески, Игор Џамбазов, Тамара Тодевска, Фрајле, Љубојна, Ван Гог, Џамбо Агушев, Влатко Стефановски, но и домаќините Атанас, Тино и неповторливиот Сашко Коцев.
Чистиот воздух, добрата политичка ситуација, уште подобрата љубовна, нашите корени, навики, секојдневни случувања беа инспирација на вчерашното 19-то издание.

















