МК Сцена
„Златна камера 300“ за кинематограферот Кјонг-Пјо Хонг од Јужна Кореја
Кинематограферот Кјонг-Пјо Хонг од Јужна Кореја, е годинешен добитник на наградата „Златна камера 300“, највисоко фестивалско признание на ИФФК „Браќа Манаки“ кој синоќа заврши во Битола.
Пјо Хонг припаѓа насредната генерација јужнокорејски кинематографери, потпишал околу 24 кратки и играни филмови, а на фестивалот во Битола, меѓународното жири го награди за неговото мајсторство со камерата во филмот „Горење“.
– Најубава филмска приказна, прекрасно изведена во која со секое снимање со камерата се пренесува некакво чувство. Совршена комбинација на забава и уметност снимена на начин кој природно ја доловува приказната. Станува збор за одлично дело бидејќи Пјо Хонг со својата камера успеа да ја стави публиката во главата на главниот актер, истакна Олимпија Митилинеу, претседател на фестивалското жири и дополни дека при жирирањето и одлучувањето го имале предвид квалитетот на филмот и улогата на камерата како рамноправен учесник во сите елементи на филмската целина.




