Спорт
Ангеловски: Ќе направиме се за победа
Македонскиот претставник во Лига Европа, Работнички утре го игра првиот натпревар од баражот на ова натпреварување против руската екипа Рубин. По трите успешно минати кола, за екипата на Работнички следува најголемиот предизвик, бидејќи доколку успешно се мине оваа пречка следуваат натпреварите во групите од Лига Европа.
На денешната прес-конференција во пресрет на дуелот тренерот на Работнички Игор Ангеловски изјави дека натпреварот е важен за Македонија, бидејќи многу малку наши клубови играат во оваа фаза.
– Ние не планираме да бидеме само учесници. Ќе одиграме максимално и најдобро како би можеле да стигнеме до позитивен резултат. Го знаеме Рубин, тие се фаворити, но ние ќе направиме се да победиме, рече Ангеловски.




