Спорт
ФФМ одреди популарни цени за натпреварот Македонија – Шпанија
Управниот одбор при Фудбалската федерација на Македонија на денешниот состанок ги одреди цените за квалификацискиот натпревар што Македонија на 8 септември во Скопје треба да го игра со Шпанија.
Цената на билетите се движи од 150 денари за Источната и Западната трибина, 300 денари за Северната и Јужната трибина и 400 денари за ВИП местата.
