Спорт
ФИФА ја казни ФФМ со 5.000 швајцарски франци
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ја казни Фудбалската федерација на Македонија со парична казна од 5.000 швајцарски франци.
ФФМ е казнета поради неодговорното однесување на малкумина од над 30-те илјади присутни гледачи на арената „Филип Втори“ во Скопје, кои го следеа натпреварот меѓу Македонија и Италија кој се одигра во рамки на квалификациите за Светското првенство што во 2018 година ќе се игра во Русија.
ФФМ ќе треба да плаќа казни поради недолично однесување на гледачите, пред се поради неколкумината навивачи кои по самото завршување на натпреварот, кој заврши со победа на „азурите“ со 2-3, влегоа на теренот во обид да стигнат до италијанските фудбалски ѕвезди.




