Останато
Националната арена „Филип Втори“ станува „Телеком Арена“!
Македонски Телеком склучи договор за деловна соработка со Акционерското друшво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
Согласно Договорот, Националната арена „Филип II“ ќе се ребрендира и именува во „Телеком Арена“. Одлуката за одобрување на склучување на Договор за соработка со Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор е донесена од страна на Одборот на директори на Македонски Телеком на седницата одржана на 16.03.2016 година.
Националната арена е најголемиот и најпознат спортски објект во Македонија. Објектот е еден од 10-те најголеми стадиони на Балканот, со капацитет од над 33.000 посетители, целосно усогласен со стандардите на ФИФА и УЕФА. Најчесто се користи како терен за домашните фудбалски клубови, за одржување на сите натпревари на македонската фудбалска репрезентација, како и за сите национални спортски првенства. Овој репрезентативeн објект, покрај спортот, претставува центар и на сите значајни случувања од областа на културата и музиката во државата.

