Спорт
ФОТОГАЛЕРИЈА: Работнички со активен резултат ќе патува во Казањ
Насловна фотографија: Драган Тануровски / Популарно.мк
Екипата на Работнички од Скопје вечерва во рамки на плејофот за Лига Европа одигра нерешено со рускиот Рубин Казањ 1:1 (полувреме 0:0).
Македонскиот тим одигра храбро во текот на целиот меч и беше рамноправен противник иако од 54. Минута играше без исклучениот Милован Петровиќ. Гостите ја искористија предноста од играч повеќе и во 69. Минута поведоа со 1:0 со голот на Карадениз.




