Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Фотографијата која потврдува за кого е Златната топка

Спорт

Фотографијата која потврдува за кого е Златната топка

Отпаднаа и најмалите сомнежи кој ќе ја освои „Златната топка“ за мината сезона, откако веќе неколку часа на социјалните мрежи циркулира слика со „копачка ЦР“ која потврдува дека Роналдо ќе ја добие наградата.

На фотографијата е копачка од брендот кој го носи Португалецот, како и натписи кон неа „Петти триумф“ и „CR 2017“.

Во прилог се дадени „16, 14, 13, 08“, што одговара на годините во кои Португалецот ги доби неговите претходни четири „Златни топки“.

Церемонијата ќе се одржи утре во Париз. Претходно изборот се случуваше во јануари, но тогаш Роналдо ќе биде многу ангажиран и нема да може да присуствува.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.