Спорт
Фудбалерот Александар Пандовски им подлегна на повредите
Пандовски се наоѓаше во кома четири дена, а утринава починал во Клиниката во Скопје.
Фудбалерот Александар Пандовски им подлегна на повредите здобиени во тешката сообраќајна несреќа која се случи во понеделникот навечер во Скопје, кај бензиската Макпетрол.
До несреќата дошло откако возилото марка „Голф“ во кои биле Александар и неговиот родител загубило контрола и со една брзина од над 100 км на час излетало кон бензинската пумпа „Макпетрол“ пред излезот од главниот град.




