Спорт
Ѓоковиќ го предаде полуфиналето против Зверев, публиката го исвирка
Новак Ѓоковиќ беше принуден да се повлече од полуфиналето на Австралија опен против Александар Зверев поради повреда на левата бутина.
По завршувањето на првиот сет, Ѓоковиќ се доближи до мрежата и му ја соопшти својата одлука на Германецот, очигледно неспособен да го продолжи мечот поради повреда.
Двајцата тенисери одиграа сет од 81 минута што Зверев го доби во тај-брејк (7:6), откако не успеа да ги искористи вкупно осум брејк топки.




