Спорт
Голема победа на Вардар против Фенербахче
Македонскиот шампион Вардар оствари голема предност од два гола по првиот меч од плејофот за место во Лига Европа против турски Фенербахче.
Вардар на полната Национална арена „филип Втори“ во Скопје, го победи турскиот гигант со 2:0, со што направи голем исчекор кон историски пласман во групната фаза во Лига Европа.
Првата радост за македонскиот првак ја донесе Тигран Барсегјан во 20.минута за водство од 1:0.




