Спорт
Кристијано Роналдо замина на одмор со мама
Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо замина на заслужен одмор.
Откако Португалија неодамна го освои Европското првенство во фудбал, Роналдо реши да се одмори, што секако ќе биде добро и за неговото повредено колено, кое настрада во финалниот натпревар против Франција.
За дестинација ја одбра шпанската Ибица, но на ова патување не замина со пријателите, туку и со целото семејство, за што најми луксузна јахта, чие изнајмување чини 40.000 фунти на ден.




