Останато
Олимпиското злато во Рио e направено од 99 проценти сребро?
Сонот на секој спортист е да го освои најсјајното одличје, златниот медал, на најголемиот светски спортски настан Олимписките игри.
Кога ќе прашате некој спортист од што е направен златниот олимписки медал, одговорот најчесто е – од многу труд, пот и долги години напорни тренинзи и откажувања.
Оваа констатација не е далеку од вистината, напротив. За да се освои било кој од трите олимписки медали, потребно е многу работа и вложување во спортот, кој самиот олимпиец го одбрал.

