Ракомет
Лазаров и двајца вардарци во идеалните седум за групната фаза
Двајцата ракометари на Вардар, Тимур Дибиров и Игор Карачиќ, како и македонскиот репрезентативец и член на Барселона Кирил Лазаров се најдоа во идеалниот состав на групната фаза во Лигата на шампионите, во изборот на специјализираниот француски ракометен портал „hand-station”.
Дибиров е избран за најдобро лево крило, Карачиќ за најдобар среден бек, а Лазаров за најдобар десен бек.
Дибиров и Карачиќ се најефикасните ракометари на „црвено-црните“ оваа сезона во елитното натпреварување. Рускиот репрезентативец е втор на листата со 69 гола, додека Карачиќ е на 15-то место, со 52 погодоци. Лидер е Лазаров со 76 погодоци.


