Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пипан се врати на клупата на МЗТ Скопје

Кошарка

Пипан се врати на клупата на МЗТ Скопје

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром од синоќа има нов тренер. На клупата на „металците“ повторно ќе седне Словенецот Алеш Пипан.

Ова е всушност враќање на Пипан како тренер на МЗТ Скопје, а под негово водство екипата ја освои двојната круна. Тој ќе го замени Александар Јончевски, кој ќе се врати на позицијата помошник во стручниот штаб.

Пипан досега беше тренер на Унион Олимпија, а по поразот во Купот на Словенија (претходниот викенд) и елиминацијата на Олимпија беше сменет. Првиот натпревар за Пипан на клупата на МЗТ Скопје ќе го има во рамките на 23.коло од АБА лигата и тоа против неговиот досегашен тим Олимпија.

Пипан ќе биде петтиот тренер оваа сезона во МЗТ Скопје Аеродром. Почна Змаго Сагадин, го наследи Врбица Стефанов, потоа тренер беше Боби Митев и Александар Јончевски.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Кошарка

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.