Ракомет
МАКЕДОНИЈА СЕ РАДУВА: Вардар е новиот европски ракометен шампион (ФОТО)
Македонија се радува – екипата на РК Вардар со 24:23 ја совлада екипата на Пари Сен Жермен и со тоа стана новиот европски ракометен првак.
Вистинска драма се случуваше во последните една и пол минута. Најпрво Лука Циндриќ изнуди исклучување на Лука Карабатиќ, потоа Дибиров не реализира удар од крилна позиција. ПСЖ погоди на седум секунди до крајот за 23:23.





