Спорт
Манчестер Јунајтед ќе игра на 8 август во Скопје
Екипата на Манчестер Јунајтед синоќа во финалето од Лигата Европа го победи Ајакс со 2:0 и со тоа го освои трофејот во Лигата Европа. Премиерлигашот на 8 август во Скопје ќе игра во Супер купот на УЕФА.
Во финалето пресудна за победата на Манчестер Јунајтед беше мудрата тактика поставена од Жозе Мурињо.
Головите за „црвените ѓаволи“ ги постигна Пол Погба во 18.минута и Хенрик Мхитарјан во 48.минута.




