Останато
Боби Величков – пример за безгранична и извонредна храброст
Покорувањето на планини е полесно од покорувањето на себеси.
Во животот секојдневно сме сведоци на луѓе кои наоѓаат сила и енергија да постигнат повеќе отколку што некој од нас има сонувано. Боби Величков го надминува тоа и со целата храброст која може да ја поседува еден човек, повеќе од еден човек, веќе 6 години со парализа под половините учествува на Виз Ер Скопскиот маратон.
Величков на 36 години си ја повредил половината и веќе 33 години е во инвалидска количка, никогаш не предавајќи се на својот хендикеп секоја година вежба на кејот на реката Вардар во Скопје. Боби се труди секојдневно да се грижи за своето здравје затоа што поради недоволна опременост и разни други пречки има проблеми со мускулите и зглобовите. Во Македонија има луѓе кои секојдневно се соочуваат со истите предизвици. Боби вели дека не смее да се подлегне на притисокот и дека затоа се труди да ги охрабри сите да вежбаат и тренираат. Редовното спортување на Боби му помага да ги надмине предизвиците кои му ги носи животот. Тој вели дека луѓето како него мора да се прилагодат и дека не смеат да се опуштат затоа што така полесно ќе им бидат покорени духот и телото.


