Ракомет
Обрван: Мотивирани и со самодоверба на победа против Чешка
Македонските ракометари се наоѓаат на една победа од пласман на уште едно големо натпреварување. Во рамки од квалификациите за Европското првенство на едно коло до крајот во групата 6, Македонија и Чешка имаат по 5 бодови, така што неделниот дуел на двете селекции во Скопје ќе реши која репрезентација од овие две ќе го освои второто место зад Франција.
На денешната прес-конференција беа присутни селекторот Ивица Обрван и капитенот Кирил Лазаров.
– Во недела играме важен дуел за пласман на Европското првенство во Полска. Дуелот во средата со Швајцарија коректно беше одработен и без Кирил Лазаров, задоволен сум и сега сме полни со самодоверба што е добра основа за победа во последното коло против Чешка. Очекувам полна сала и помош од навивачите, како што тоа го имавме во Сент Гален во средата, рече селекторот Обрван.




