Останато
Пријавени 24 пливачи за 29-тиот Охридски пливачки маратон
Дваесет и четири натпреварувачи од кои 12 мажи и исто толку жени од Македонија, Аргентина, Италија, Венецуела, Бразил, Бугарија, Канада, Германија, Хрватска, Русија и Шпанија имаат пријавено учество на 29-тиот по ред Меѓународен пливачки маратон што в сабота 29. август ќе се плива во водите на Охридското Езеро.
Меѓу пливачите од светската маратонска елита оваа година боите на Македонија ќе ги бранат нашите маратонци Томи Стефаноски и Евгениј Поп Арсов.
Охридскиот пливачки маратон се плива на патеката „Климе Савин“ од манастирскиот комплекс „ Св. Наум“ до Градското пристаниште во Охрид, со вкупна должина од 30 километри.

