Спорт
СКОПЈЕ ПРЕПОЛНО: Љубителите на фудбалот во исчекување на Суперкупот (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Скопје е преполно со љубители на фудбалот од цел свет во исчекување на вечерашниот натпревар од УЕФА Супер купот, каде што вечерва ќе се сретнат двата најтрофејни клубови во Европа, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Големиот број посетители на неутралната фан зона, лоцирана на плоштадот „Македонија“, можеа да се забавуваат во богата музичка програма, големиот број на спортски натпреварувања и активности, а денеска присутните ги поздрави и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
