Спорт
УНИКАТНА МОЖНОСТ: Биди волонтер во фан зоните на УЕФА Суперкупот во Скопје!
На 8ми август во Скопје нè очекува најголемото спортско доживување на Балканот, Супер Купот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. За таа цел во Скопје ќе бидат поставени три фан зони каде љубителите на фудбалот ќе можат да се забавуваат во исчекување на големиот натпревар.
За перфектна реализација на претстојните настани во самите фан зони се потребни голем број на волонтери кои ќе бидат клучни за самата организација на истите.
За таа цел се објавува јавен повик на кој заинтересираните треба да го потполнат прашалникот за интерес на следниов линк.




