Спорт
ДА ГО ОБЕЛИМЕ ОБРАЗОТ: Бесплатно сместување во Скопје за УЕФА Суперкупот!
Огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје, но и во Македонија поради претстојниот УЕФА Суперкуп, инспирираше неколку млади луѓе да почнат акција за обелување на образот на Скопје.
Во нивниот најнов проект SuperCupSkopje, членовите на WeTalkIT заедницата, ги поврзуваат фудбалските фанови на кои им треба сместување, со луѓе од Македонија кои имаат желба да им понудат бесплатен престој.
Целта на овој проект е што поголем број на граѓани да бидат домаќини на еден или двајца гости во својот дом, со цел да им овозможат место за преноќување на фановите кои ќе дојдат да го следат натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.




