Ракомет
Вардар по петти пат на Ф4 во Будимпешта
Убедлива победа со резултат 32:25 остварија ракометарките на Вардар на својот последен настап пред домашна публика оваа сезона во меч од Лигата на шампионите.
Совладан беше дански Митјиланд, по втор пат во четвртфиналната пресметка по што „црвено-црните“ изборија пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта.
Победникот беше извесен уште по почетните минути, а беше потврден во второто полувреме кога 15 минути гостинките не успеаја да ја совладат Амандин Лејно, па нашите ракометарки со серија од 8-0 стигнаа до плус 13.


