Ракомет
Вардар го одбрани трофејот во СЕХА лигата
Ракометарите на Вардар ја освоија шампионска титула во регионалната СЕХА лига, откако вечерва го победија ППД Загреб со 26:24 во финалето на Ф4 турнирот што се играше во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
За „црвено-црните“ ова беше четврти трофеј во седмото издание на СЕХА лигата.
Вардар е втор тим што ја одбранил титулата и втор тим што пред домашна публика ја освојува титулата.





