Uncategorized
Чешка испраќа помош за поплавените подрачја
Чешките пожарникари ќе испратат електрични генератори и пумпи за чистење тиња по поплавите, кои пред неколку дена ја зафатија Македонија.
Хуманитарниот конвој ќе тргне денеска, информираше портпаролката на Генералниот директорат на Противпожарната бригада на Чешка Никол Заоралова, јави дописникот на МИА од Прага.
Според Заоралова, Македонија побарала химанитарна помош со посредство на Европскиот систем за комуникација при кризни ситуации.


