Uncategorized
Македонија утре ќе ги одбележи двата историски Илиндена
Република Македонија утре ќе ги одбележи двата историски Илиндена – 113 години од почетокот на Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето во Меморијалниот комплекс во Пелинце, а претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во Скопје, пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседател на Президиумот на АСНОМ.
Премиерот Емил Димитриев ќе ја предводи делегацијата на централното чествување на Мечкин Камен во Крушево. Таму ќе биде положено цвеќе на гробот на Никола Карев, на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен, каде што ќе се одржи голем народен собир.


