Uncategorized
Заврши граѓанскиот марш „Борбата продолжува, гласот победува“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Граѓанскиот марш „Борбата продолжува, гласот победува“ заврши пред Собранието на Република Македонија со обраќање на претседателот на СДСМ Зоран Заев, претставници на невладини организации, активисти и јавни личности.
Маршот почна во 14 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство и продолжи по булеварот „Партизански одреди“ до Собранието. Организаторите најавија дека маршот е за достинствен живот и затоа е избран денешниот празник – симболично како предвесник на промените за подобра иднина.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев во говорот ја спореди денешната борба за подобар и достоинствен живот со борбата на партизаните во 1941 во одбрана на иднината на поколенијата.



