Uncategorized
Државната матура помина без проблеми
Во сите средни училишта во Република Македонија денеска без никакви проблеми помина полагањето на задолжителниот предмет од државната матура, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература.
Државниот испитен центар соопшти дека испитниот материјал до сите училишта бил доставен навремено и согласно пропишаните правила и процедури. Испитот во сите училишта започнал во определеното време и се одвивал без никакви проблеми.
Македонски јазик и литература полагаа 10.730 кандидати, албански јазик и литература полагаа 5.424 кандидати и 428 кандидати полагаа турски јазик и литература.


