МК Сцена
„Нокаут“ го промовираше спотот за макфестовската победничка нумера (ВИДЕО)
Иако во моментов живееме во еден исклучително тежок период на социјална дистанца , намалени контакти, финансиска криза, „Нокаут“ се реши да внесе малку свежина во етерот.
Денеска тие го промовираа спотот за макфестовската победничка тема „ Сакам да живеам“, на која како автори се потпишаа Огнен Неделковски, неговиот син Филип и самиот Пере.
– Режијата е на Јован Куциноски, со кој го рабоетвме и видеото на „Позитивно“. Спотот е снимен на локации во Маврово и во Охрид. Се надеваме дека успеваме на најдобар можен начин да ги пренесеме емоциите кои ги носи самата песна – изјави Никола Перевски – Пере на денешната промоција.




