Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Островите Галапагос – таму каде што царуваат животните

Uncategorized

Островите Галапагос – таму каде што царуваат животните

Замислете на дофат на рацете да ви бидат морски лавови, околу вас безгрижно да пливаат желки, да можете без проблеми да фотографирате егзотични риби со подводна камера.

Сето ова, за кое сонуваат многу светски љубители на природата, е возможно да го доживеете на далечниот Галапагос.

Ниту едно животно кое живее во овој боженствен Национален парк не се плаши од луѓето. Бидејќи поголемиот број видови се ендемски патување до овој остров е единствено животно искуство.

Најдобар начин да се посети ова животинско царство е во рамките на природните тури. Интересно е дека островите се речиси во иста состојба, во која ги пронашол Чарлс Дарвин, а на еден од нив каде познатиот научник првпат се симнал од САД, Флореани се уште можете да видите буре со рум, во кое посетителите оставаат писма за оние кои ќе го посетат по нив.

– Ова е нескротена земја… Едно од ретките места во светот кое е навистина диво, рече еден од посетителите, Џим Калавеј од Илиноис.

Тој заедно со другите патници жедни за знаење може да ги слуша многу од еминентните научнции кои на Галапагос имаат улога на туристички водичи.

Освен тоа можат да научат и да фотографираат и тоа со јасни инструкции од Нешанл Џиографик.

На островот Еспањола, може да се пешачи по непристапните патеки и да се бараат гнезда на албатроси. На Џеновеза, чии пејсажи потсетуваат на оние од Месечината, можат да ги набљудуваат најголемите колонии на црвеноногите блуни на светот. Тие среќници, поминуваат и низ песочните патишта на Брдото на змејовите на островот Санта Круз, за да уживаат во глетката на игуаните.

Секој посетител на Галапагос станува истражувач. Можеби и најдобриот дел од таа улога е истражувањето на морскиот резерват на Галапагос, втор најголем во светот кој е составен дел од турата.

Иако овој дел од светот денес го посетуваат три пати повеќе луѓе, отколку во периодот од пред 20 години,  посетители на островот со одговорните оператори всушност помагаат да се поправат штетите, кои ги направиле невнимателните ловци, рибари и пирати.

Шеесет проценти од сумата на секоја купена влезница која чини 100 долари, оди директно во касата на Сервисот на Националниот парк Галапагос, од која се финансираат биолозите, реставраторите и ренџерите, кои неуморно работат на зачувувањето на овие острови.

Приказната за Осамениот Џорџ, желката која беше симбол на Галапагос и која почина на островот Санта Круз во 2012 година, укажува на важноста на контролирање на конзервацијата.

Иако луѓето кои биле задолжени за грижата за Џорџ и кои и понатаму се грижат за неговите две женки, се надеваат дека можеби нивните миленичиња се уште можат да положат јајца, бидејќи тие можат ја задржат здрава спермата до три години пред самите да се оплодат, се верува дека овој вид официјално е истребен.

Сепак повеќето иницијативи во Центарот за зачувување на дивиот свет биле успешни, вклучувајќи го и проектот за оживување на популацијата на желките од Еспањоле. Во тоа помогна Супер Диего, многу темпераментна желка, која се врати на Галапагос од Зоолошката градина во Сан Диего.

Осумдесет проценти од младите желки на островот потекнуваат од Диего и неговите пет девојки.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Uncategorized

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.