Uncategorized
Се пропуштаат ограничен број мигранти – од Грција пристигнуваат нови
Македонските власти контролирано пропуштаат дел од мигрантите во согласност со можностите на државата за нивен хуман третман, а приоритет имаат ранливите групи, жени, деца и стари лица.
Во исто време, од Грција и понатаму пристигнуваат мигранти кои со автобуси организирано се носат кон границата со Македонија.
Полицискиот кордон кој попладнево беше пробиен од мигрантите кои се наоѓаат во пограничниот појас на грчко-македонската граница, како што вечерва од Гевгелија изјави министерот за внатрешни работи Митко Чавков, не беше поставен со цел да ја затвори јужната граница со Грција, напротив со цел на поорганизиран и редуциран начин да се пропуштаат дел од мигрантите и да се врши соодветен трансфер до местата за регистрација и за јавен превоз.


