Uncategorized
Седум најстудени места за живот (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Доколку се уште не сте се навикнале на студеното време може да ви помогне листата со места во светот, кои се многу постудено од нашите краеви.
Ојмајкон, Русија
Најстудено трајно населено место во светот е Ојмајкон, кое се наоѓа во истоимената долина во североисточна Русија. Просечната температура во текот на јануари изнесува минус 50 степени Целзиусови. Името на селото во превод значи „вода, која не смрзнува“, бидејќи во близина се наоѓаат термални извори. Во Ојмајкон живеат околу 500 жители. Претежно се греат на дрво и јаглен. Училиштата се затвораат само доколку температурата падне под минус 52 степени.









