Uncategorized
Временска прогноза: Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен претежно југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од девет до 14 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 12 степени.


