Uncategorized
Силен дожд и снег ја зафати Црна Гора, поплави по јадранскиот брег
Црна Гора е затрупана од снег, по јадранското крајбрежје врне силен дожд, поради што некои патишта се затрупани од активираните свлечишта и движењето во овие делници е во прекин, соопшти црногорската полиција.
Повеќе населби и села во северниот дел на земјата останаа без електрична енергија.
Заради снегот забрането е движењето на камиони во поголем дел од земјата. Патот кон границата со Босна и Херцеговина е затворен за сите категории превозни средства.


