Актуелно
15 години работење на болницата „Филип Втори“: Направени над 17.000 интервенции
Први март 2000 година е датум кој отвори нова страница во историјата на Република Македонија. Страница која ја испишува и потпишува Академик д-р Жан Митрев со неговиот тогаш мал, но голем тим.
Со првата бај-пас операција започнавме нова ера за македонската кардиоваскуларна хирургија. Ера, во која постојано напредувавме го усовршувавме она најисконското, најчовечкото. Одделот за интензивна нега е најголемата потврда за тоа.
Во 2002 година ја направивме и првата операција на отворено срце врз буден пациент. Следуваше уште една година за нова историја. Во 2003 година за прв пат во Македонија извршивме интервенција на детско срце. Да се биде прв во толку силни и сериозни зафати се огромен предизвик и одговорност.



