Шоубиз
Шакира повторно на сцена по кратка хоспитализација (ФОТО)
Шакира повторно се врати на сцената откако помина неколку дена во болница поради силни болки во стомакот. По излегувањето, пејачката беше фотографирана во јавност, каде што насмеана ги поздрави присутните фанови и новинари пред хотелот Белмонд во Лима, Перу.
Во понеделникот вечерта, таа одржа концерт во главниот град на Перу и подоцна им се заблагодари на своите обожаватели преку социјалните мрежи.
📢 „Каква публика во Перу! Ми подаривте толку многу љубов. Неверојатни сте. Ви благодарам, ве сакам!“ – напиша Шакира.




