Вести
Сончево и ветровито – од утре заладување
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во западните делови ќе има поголемо наоблачување и услови за слаб локален дожд, а на планините ќе има повремен слаб снег. Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од девет до 13 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умрен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени.



