Временска прогноза
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Северен ветер и негативни утрински температури од -9 степени
Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со пониски температури, соопшти Метеоролошката служба.
Претпладне, претежно во јужните делови на земјата, се предвидуваат услови за локален снег. Ветерот ќе биде слаб до умерен, а во Повардарието се очекува повремено засилување на ветерот од северен правец.
Утринските температури се очекува да се движат од минус 9 до 0 степени Целзиусови, додека во текот на денот температурата ќе достигне меѓу минус 3 и 5 степени Целзиусови.

