Актуелно
19-годишна сиријска државјанка се породи во Македонија
С.Б.(1996) од Сирија вчера во болница во Скопје роди машко дете, соопшти МВР. Сиријката заедно со сопругот претходно поднеле барање за азил во Република Македонија и биле сместени во прифатниот центар во Визбегово, од каде што таа е транспортирана во болница.
Во изминатите 24 часа, како што е наведено во денешното соопштение од МВР, издадени се потврди на вкупно 1.168 странски државјани, од кои 844 се од машки пол, 134 се од женски, 157 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 33 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.042 , Авганистан – 64, Ирак – 18, Палестина – 15, додека другите се во помал број.


