Вести
Џафери: Граѓаните денеска ги поставија темелите на идната Македонија
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вечерва на граѓаните и институциите им честита за спроведеното гласање без ниту еден инцидент и со мирен и демократски процес на гласање.
– Со ова граѓаните докажаа дека припаѓаат на ниво на политичка култура на демокартски развиените земји, но тоа што е најважно дека припаѓаат на големото европско семејство, рече Џафери.
Во оваа прилика Џафери им честита на сите домашни институции за мирниот изборен процес, без ниту една пријавена сериозна неправилност.



