Актуелно
Акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад
Нуркачите од Клубот за подводни активности од Охрид денеска ја започнаа акцијата за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.
Околу 15 нуркачи во четири етапи ќе го чистат дното на езерото во крајбрежниот појас на потегот од Градското пристаниште до црквата Свети Јован Канео.
– Не можеме да го извадиме сиот цврст отпад од дното на езерото, оттаму ќе делуваме на свеста на граѓаните да не фрлаат отпад во Охридското Езеро, изјави Милутин Секуловски – Миќо, професионален нуркач – меѓународен инструктор.



