Актуелно
Акцијата во Куманово се уште трае, дел од терористичка група и се предала на полицијата
Полициската акција во Куманово се уште е во тек, повремено се слушаат истрели и детонации од кај населбата „Тоде Мендол“.
Како што јавуваат дел од медумите, триесетина припадници на вооружената терористичка група и се предале на македонската полиција, но се уште нема официјална потврда од МВР.
Во Ургентниот центар во Скопје во текот на денот се пренесени дваесетина повредени полицајци.



